Берлин гради споменик за жртвите на евтаназија од времето на нацизмот

Од:

Во Берлин беа поставени темелите на споменик посветен на една често заобиколувана група нацистички жртви – стотиците илјади ментално заостанати и лица со физички недостатоци, убиени од режимот на Хитлер врз основа на т.н. програма за евтаназија.

Споменикот во форма на ѕид од сино стакло висок 30 метри ќе се издига во центарот на Берлин, недалеку од паметниците на шесте милиони еврејски жртви на Холокаустот и на половината милион убиени Роми од страна на нацистите.

Истражувањето на нацистичките злосторства, почитот на жртвите и запознавањето на идните поколенија со минатото останува постојана задача и долг за Германија, изјави на церемонијата на псотавувањето на камне темелникот, државниот министер – полномошник за култура и медиуми, Бернд Нојман.

Адолф Хитлер сметал дека во „Германија на чистата раса“ нема место за ментално и физички заостанати луѓе, исто како и за Евреи, Роми и хомосексуалци.

Нацистите ја создале програмата за „безболна смрт“ за луѓето за кои сметале дека не вреди да живеат. Меѓу јануари 1940 и август 1941 година, врз основа на оваа програма, биле убиени околу 70.000 лица. Многу од нив биле пратени во гасни комори, а други биле убиени со смртоносни инјекции.

Програмата била привидно запрена во 1941 година, делумно поради протестите на Црквата, но во пракса таа продолжила тајно да се спроведува.

Според историчарите, жртви на нацистичката евтаназија биле меѓу 200 и 300.000 лица.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија