Берлин: Ердоган е добредојден, митинзите се забранети

Од:

Германската влада денеска порача дека топло ќе го пречека турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган на самитот на 20 најразвиени земји на светот, но останува на одлуката да не дозволи митинг за турската заедница во Германија во чест на гостинот од Анкара.

Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт нема информации дека Ердоган ќе го бојкотира самитот Г- 20 што треба да се одржи во Хамбург на 7 и 8 јули, а германската влада се радува што тој ќе биде присутен таму.

– Би сакал да потенцирам дека за германската влада, претседателот Ердоган е важен гостин и ние го поздравуваме неговото учество на самитот Г-20“, изјави Зајберт денеска, јавува дописникто на МИА од Берлин.

Претходно, портпаролот на германското Министерство за надворешни работи Мартин Шефер изјави дека сите странски амбасади се информирани за обврската да побараат дозвола за одржување на политички митинзи на кои нивните лидери би се обратиле на своите сонародници во земјата. Според најавата, сите митинзи на политичари од земји кои што имаат закажани избори во наредните три месеци ќе бидат автоматски одбиени, а за другите ќа одлучуваат германските власти.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје