Папата Бенедикт Шеснаесетти во пораката по повод Светскиот ден на мирот, повика на нов економски модел и етичка регулација на пазарите проценувајќи дека светската економска криза ја покажала неспособноста на капитализмот да ги заштити најслабите членови на општеството.
Папата во истата порака наведе дека несигурноста во поглед на храната претставува закана на мирот во одделни региони на планетата.
Поглаварот на Римокатоличката црква одлучно се спротивстави на склучувањето на истополови бракови, проценувајќи дека заедницата на хетеросексуалците игра незаменлива улога во општеството.
Пораката е посветена на промовирање на мирот во светот упатена пред се на светските политички лидери, влади и институции како и до ОН и невладините организации.