Поранешниот папа Бенедикт Шестанесетти денес ќе се пресели од папинскиот летниковец Кастел Гандолфо, во стан во Мастер Еклесие во Ватикан.
Пензионираниот папа ќе живее во стан од 200 метри квадратни, а со него ќе бидат и неговиот секретар и четири жени кои ќе бидат задолжени за хигиената.
Еден од апартманите е подготвен за неговиот брат, свешниник и музичар од Германија, Георги Рацингер.
Иако папата во последно време многу ослабе, во Ватикан велат дека тој е потполно здрав и дека нема некои посебни проблеми со здравјето.
Додека Бенедикт се сели, сегашниот папа Франсис упорно одбива да замине од хотелот на Домот на св. Марта и да се пресели во папинскиот апартман во Апостолската палата.
Тој тврди дека му се сосема добро во хотелскиот апартман и ги одбива советите дека би било подобро доколку замине во палатата.
Франсис не сака да има какви било привилегии во хотелот, па затоа и нема резервиран стол за доручек.
Седи таму каде што е слободно, а гостите во хотелот велат дека многу често папата го гледаат како шета по ходниците.
Папата иако доби свој личен секретар се уште сам се јавува на телефон и многу работи ги извршува без помош од други.
Елена Георгиевска