Белорусија: Убедлива победа на Лукашенко, опозицијата на протест

Од:

Според првичните информации од речиси сите избирачки места, Александар Лукашенко освоил 81,35 проценти од гласовите за нов, шести мандат како претседател на Белорусија, објави синоќа претседателката на Централната изборна комисија Лидија Јермошина.

На второ место е Светлана Тихановска, за која гласале осум проценти од избирачите, додека кандидатот „против сите“ освои четири проценти.

И излезните анкети покажале дека Лукашенко убедливо ќе победи со 79,7 проценти од гласовите.

Сепак, соработниците на Тихановска тврдат дека според резултатите од алтернативното броење на гласовите, таа добила повеќе од 80 проценти.

Незадоволни од резултатите од гласањето, поддржувачите на опозицијата излегоа на улиците во неколку градови.

Демонстрантите во центарот на Минск фрлаа факели и камења кон полицијата, а полицијата употреби солзавец против нив.

Би можело да ве интересира

Еден мртов, двајцата тешко повредени во експлозија во Белорусија

Мицкоски: Не сум сигурен дека цела опозиција сака предвремени парламентарни избори

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Путин: Руското тактичко нуклеарно оружје е во Белорусија

Во Белорусија произведуваме лансери за „Орешник“, чекаме проектили од нашиот постар брат, вели Лукашенко