Белорусија: Уапсени блогери блиски на опозицијата

Од:

Белоруските власти притвориле четворица блогери блиски до опозицијата и отвориле истраги против нив, соопштија денес активисти за човекови права.

„Дознавме дека се отворени четири истраги против блогерите“, соопшти Центарот Вјасна, кој се занимава со заштита на човековите права.

Игор Лосик, авторот на апликацијата Телеграма, која ја следат околу 170.000 луѓе, бил уапсен вчера, а неговиот дом бил претресен. Тој е под истрага за „организирање настани што го нарушуваат јавниот ред“ и се соочува со казна затвор до три години.

Блогерите Сергеј Петрухин и Владимир Неронски се уапсени од истите причини, додека видео-блогерот Владимир Циганович беше уапсен како дел од кривична истрага, но детали за неговиот случај не се познати.

Властите минатата недела го уапсија потенцијалниот претседателски кандидат Виктор Бабарико, кого многумина го сметаат како најголем ривал на Александар Лукашенко. Бабарико е поранешен директор на руската банка „Белгазпромбанк“.

65-годишниот Лукашенко управува со земјата со 9,5 милиони жители од јули 1994 година, и постојано е критикуван од западните земји за својот автократски стил на владеење. 

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Обвинителството бара притвор за пет лица опфатени со вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут

Предраг Петровиќ

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он