Белорусија сака подобри односи со САД, повикува враќање на дипломатите

Од:

Белорусија ги укина мерките за ограничување на бројот на американските дипломати на своја територија, кои беа во сила од 2008 година.

Тоа е потег насочен кон подобрување на односите со Вашингтон, соопшти белоруското Министерство за надворешни работи.

Минск официјално ја извести американската страна за укинување на ограничениот број вработени во Амбасадата на САД и изрази надеж дека овој чекор ќе придонесе за нормализирање на односите меѓу двете земји, се наведува во соопштението на белоруското МНР.

Минск во 2008 година го намали бројот на американските дипломати на пет од првичните 35, откако САД им воведоа санкции на белоруските власти, а во тој момент беше побарано американскиот амбасадор да ја напушти земјата.

Односите меѓу Минск и Западот се подобрени по припојувањето на Крим кон Русија во 2014 година. Белорисија во тој момент се обидуваше да биде посредник во обидот за решавање на конфликтот меѓу Украина и Русија.

САД и ЕУ ги укинаа повеќето санкции против Белорусија по одлуката на претседателот Александар Лукашенко да ги ослободи политичките затвореници и да покаже поголема толеранција кон опозицијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Спречен напад со дронови од територијата на Литванија врз цели во Минск

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел