Белорусија почна со масовно производство на „Спутник V“

Од:

Белорусија објави дека започна со масовно производство на руската вакцина „Спутник V“.

Белоруската државна фармацевтска компанија „Белмедпрепарати“ ќе произведува до 500.000 дози од таа вакцина месечно.

Генералниот директор на таа компанија, Сергеј Беjајев, изјави дека првата серија ќе биде достапна на крајот на април.

Белорусија, како втора земја по Русија, издаде одобрение за „Спутник V“.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко не воведе „заклучување“ или други ограничувања поради пандемијата на коронавирус.

Неговиот став разлути многу Белоруси и го зголеми незадоволството во јавноста од неговото авторитарно владеење. Земјата со 9,5 милиони жители забележа скоро 315. 000 потврдени случаи на зразени со коронавирус и 2.193 смртни случаи од Ковид-19 .

Би можело да ве интересира

Еден мртов, двајцата тешко повредени во експлозија во Белорусија

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Лукашенко потпиша указ за спроведување патриотско образование во армијата

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

(ВИДЕО) Моите противници се во затвор, ама вие сте тука – Лукашенко до новинар на Би-би-си

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

А1он