Пет лица загинаа, откако на белгијскиот аеродром „Шарлро“ се урна мал патнички авион. Аеродромот во Белгија веднаш е затворен.
Авионот од типот „цесна“ имал проблем при полетувањето и пробал да се врати на аеродромот, но одеднаш се урнал пред пистата, пренесе „Ројтерс“.
Официјално лице од Белгија соопшти дека од петте загинати, три се деца.
Аеродромот „Шарлро“ се наоѓа во истоимениот град, 45 километри јужно од Брисел.