Белгиското МНР мета на хакерски напад, веројатно извлечени чувствителни информации

Од:

Информациските системи на белгиското Министерство за надворешни работи биле „пробиени“ од хакери, кои веројатно дошле до чувствителни информации, објави денеска белгискиот весник „Еко“.

Од Министерството го потврдија случајот, што се случил во почетокот на 2012 година, но не утврдиле дали станува збор за кражба на доверливи податоци.

Весникот претпоставува дека хакерите имале пристап до доверливи материјали, поврзани со белгиската надворешна политика. Министерството поднело жалба до обвинителството, кое ја води истрагата.

Засега е познато дека шпионирањето на информациските системи на Министерството траело неколку месеци и било масовно. По утврдување на нерегуларностите, безбедносните системи биле дополнително зајакнати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети