Белгиските аеродроми масовно ги откажуваат летовите поради национален штрајк

Од:

Најголемиот аеродром во Белгија утре ќе откаже половина од летовите, а ниту еден авион нема да полета од базата на Рајанер поради штрајк на синдикатите незадоволни од падот на куповната моќ.

Аеродромот „Завентем“ во Брисел, кој имаше два милиони патници во септември, најави дека очекува сериозни прекини и дека голем број летови се откажани или одложени. Вториот по големина аеродром Шарлроа јужно од Брисел ги откажа сите летови.

Јавниот превоз речиси ќе запре кога белгиските работници ќе маршираат низ Брисел барајќи повисоки плати и подобри работни услови.

Годишната инфлација во Белгија достигна 12,27 отсто во октомври, што е највисока од јуни 1975 година, пред се поради растот на цените на храната и енергијата.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски