Белгискиот премиер ја спореди руската инвазија врз Украина со „најтемните страници во европската историја“

Од:

Руската агресија во Украина е „споредлива со најтемните страници во нашата европска историја“, изјави белгискиот премиер Александар Де Кро.

Како што пренесува „Си-Ен-Ен“, Де Кро на владината седница изјавил дека Белгија и Холандија ќе се погрижат да биде документирано сè што се случувало за време на војната во Украина, притоа посочувајќи дека „не може да постои неказнивост за воени злосторства“.

Тој најави дека белгиската Влада ќе го поддржи Меѓународниот суд во истрагите за наводни воени злосторства избвршени од руска страна, како и оти се залага за испраќање форензички експерти во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск