Белгискиот премиер Елио Ди Рупо денеска ја предаде оставката на својот кабинет на кралот Филип по вчера одржаните сојузни и регионални избори, соопшти денеска белгиската палата.
– Кралот на прифати оставката и побара од Владата да продолжи да функционира како Влада во оставка, се наведува во соопштението на кралската палата.
Во Белгија вчера паралелно со изборите за ЕП беа одржани и сојузни и регионални избори, а прелиминарните резултати покажуваат дека земјата е длабоко поделена.
Во Фландрија, каде се зборува холандски, победата ја однесе Новата фламанска алијанса, додека во франкофонската Валонија убедливо води Социјалистичката партија.