Белгиски затвореник ќе биде еутаназиран на 11 јануари

Од:

52-годишниот Франк Ван ден Блекен, кој издржува затворска казна во психијатриски институции веќе 26 години за повеќе силувања и за едно убиство во Белгија, ќе биде еутаназиран на 11 јануари, пренесе Мета.

Ван ден Блекен поднесе барање за еутаназија во 2011 година, повикувајќи се на фактот дека неговата болест е „неизлечива“ и дека преживува „неподносливи“ психолошки болки, потврдија повеќе психијатри.

Ван ден Блекен одби да биде предвремено ослободен како што предвидуваше судската одлука, сметајќи се себеси за „закана за општеството“ и побара да биде еутаназиран, оценувајќи ги условите во затворот како „нечовечки“.

Белгија во 2002 година ја легализира еутаназијата доколку пациентот е свесен, способен да размислува и поднесе барање за еутаназија своеволно.

Оваа одлука отвори жешка дебата во Белгија. Семејството на една од жртвите на Ван ден Блекен, која била силувана и убиена на 19 години, изјави дека одлуката на судот е „неразбирлива“.

По овој случај, 15 други затвореници во Белгија поднеле барање за еутаназија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети