Белгиски суд осуди исламски лидер на 12 години затвор

Од:

Белгиски суд осуди денеска лидер на една исламистичка група и неколкумина негови следбеници на затворска казна под обвинение за тероризам и испраќање џихадистички борци во Сирија.

Судот во Антверпен во северна Белгија го осуди Фуад Белкасем, лидер на групата „Шеријат за Белгија“ на 12 години затвор.

– Белкасем е одговорен за радикализација на младите и нивното подготвување за салафистичка борба, во која нема место за демократски вредности, изјави судијата.

Според него групата „Шеријат за Белгија“ регрутирала млади луѓе за вооружена борба и го организирала нивното заминување во Сирија.

Обвинителите поднеле обвиненија за тероризам против вкупно 46 членови на таа група, но само деветмина од нив биле присутни на петмесечното судење, додека за останатите се претпоставува дека се во Сирија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети