Судија во Белија денеска реши да ја запре процедурата за екстрадиција на разрешениот каталонски премиер Карлес Пуџдемон во Шпанија.
Одлуката доаѓа откако шпанскиот Врховен суд го повлече барањето за екстрадиција во пресрет на вонредните избори што ќе се одржат во Каталонија на 21 декември.
Пуџдемон и уште пет негови соработници побегнаа во Белгија откако каталонскиот Парламент прогласи независност од Шпанија, а шпанските власти одговорија со суспендирање на каталонската автономија и со кривични пријави против водачите на сепаратистичкото движење.