Белгиски фирми извезувале забранети хемиски супстанци во Сирија

Од:

Три белгиски фирми се обвинети дека помеѓу 2014 и 2016 година во Сирија испратиле 96 тони изопропанол, супстанца кој се користи за производство на смртоносниот гас сарин, што беше употребен во хемиски напади од страна на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Компаниите, чие судење за овој случај ќе почне на 15 мај во градот Антверпен, се товарат дека помеѓу мај 2014 и декември 2016 година, 24 пати испратиле тони хемиски супстанци до сириски фирми, меѓу кои ацетон и метанол, но пред се изопропанол.

Гасот сарин, според Обединетите Нации, бил употребен во хемискиот напад врз сирискиот град Кан Шејхун во 2017 година.

Скандалот го открија белгискиот неделник „Кнак“ и германската невладина организација „Сиријан Архив“, кои констатирале дека, во базата на податоци на ОН, Белгија била единствената земја од Европската Унија, што продолжила да извезува хемиски прозиводи во Сирија и по забраната за извоз воведена во 2013 година од страна на Организацијата за забарана на хемиското оружје (ОПЦВ).

Сирија беше приморана да ги уништи сите резерви на изопропанол во 2013 година кога стана членка на ОПЦВ. Меѓутоа, и покрај уништувањето, повеќе меѓународни истраги подоцна утврдија дека сириските власти продолжиле да извршува хемиски напади во земјата.

Судот во Антверпен каде ќе се одвива процесот против трите фирми, се интересира и за пасивноста на царинските власти во Белгија, кои дозволиле овие производи да се извезуваат две години и покрај тоа што трите фирми не поседувале сетификати за извоз.

Царината констатирала дека фирмите немале дозвола за извоз само откако супстанците веќе биле извезени. Трите фирми тврдат дека не биле информирани оти е потребен таков сертификат.

Во врска со овој скандал денеска се огласи и белгискиот министер за надворешни работи Дидие Рејндерс, кои моцени дека „ако имало грешки, треба да има и строги санкции“.

Рејндерс побара да се почекаат резултатите од судењето и да се остави Судот да си ја заврши работата.

Би можело да ве интересира

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија