Белгија: Запленет кокаин вреден 500 милиони евра

Од:

Белгиската полиција во Антверпен заплени осум тони кокаин, вреден 500 милиони евра, што претставува најголем пратка фатена од полицијата досега во Европа.

Кокаинот е пронајден скриен во контејнер со банани од Еквадор наменети за мајмуните во зоолошката градина.

Детективите ги следеле осомничените криумчари до Ротердам, каде возачот на камионот е уапсен заедно со четворица Холанѓани кои помогнале робата да се истовари.

Кокаинот е откриен  во понеделникот во белгиското пристаниште  Антверпен, но царината дозволила бананите да стигнат до крајното одредиште во Ротердам.

Холандските и белгиските власти наведоа дека ова е досега најголемото количество  запленета дрога во Европа.

 

Би можело да ве интересира

Голема количина на кокаин заплени полицијата во близина на Неапол

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Истрага против дилер на кокаин во Штип

Познат белгиски фудбалер е уапсен за шверц на кокаин од Јужна Америка

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пронајдени се седум тони кокаин закопани на имот во Шпанија

А1он