Белгија, Холандија, Данска и Франција ја завршуваат евакуацијата од Кабул

Од:

Белгија, Холандија и Данска денеска ќе ја завршат евакуацијата од Кабул, додека Франција тоа ќе го направи утре вечер, објавија светските агенции.

Белгискиот премиер Александер де Кро денеска изјави дека земјата ја завршила операцијата за евакуација „Црвен змеј“, откако американски извори ја известиле Владата во Брисел за непосредна опасност од самоубиствен напад на аеродромот во Кабул.

Де Кро рече дека Белгија евакуирала повеќе од 1.400 луѓе од Кабул, а последниот авион слета синоќа во Исламабад, Пакистан.

Холандската Влада планира денеска да го изведе последниот лет од Кабул, за што Парламентот беше писмено известен.

„САД не известија за се, така што Холандија најверојатно денеска ќе го направи последниот лет. Ова е тежок момент, бидејќи тоа значи дека луѓето кои имаат право на евакуација ќе бидат оставени во Кабул”, се наведува во писмото.

Данската министерка за одбрана Трине Брамсен предупреди дека „повеќе не е безбедно да се лета од или за Кабул“.

Таа посочи дека останале 90 луѓе, како и последните дански војници и дипломати, испратени да помогнат во евакуацијата, кои ќе биде на последниот лет од главниот град на Авганистан.

Премиерот на Франција, Жан Кастекс најави дека од утре вечер земјата повеќе нема да спроведува евакуација.

САД, Велика Британија и Австралија синоќа ги предупредија своите граѓани да не се приближуваат до аеродромот во Кабул.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан