Белгија го одбележува националниот празник со прослава за прв пат по две години пандемија

Од:

После две години пандемија од Ковид-19, Белгија денеска се враќа на традиционалниот начин на одбележување на националниот празник, јави дописничката на МИА од Брисел.

21 јули за Белгија е денот кога првиот крал, Леополд Први, даде заклетва во 1831 година. Белгија е независна држава од 1830.

Во 1890 година властите одлучуваат дека 21 јули ќе биде денот кога ќе се одбележува националниот празник секоја година. Оваа традиција продолжува до денешен ден, иако последните две години од ковид оневозможија традиционално да се одбележи денот.

Во 10 часот утрово во Катедралата Сен Мишел и Гидил, Кралот Филип и Кралицата Матилда ќе присуствуваат на традиционалниот Те Деум, а од 10.30 часот започнуваат прославите за граѓаните во кралскиот парк во центарот на Брисел.

Меѓу 16 и 18 часот ќе се одржи воената парада во присуство на кралската фамилија, и конечно околу 21 часот ќе се одржи традиционалниот огномет.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски