Дојче веле – Берлин
Потрагата по атентаторите од Париз води до Белгија. Оваа земја во последно време стана извор на европскиот џихадизам.
Аналитичарите сметаат дека Белгија потфрли во борбата против исламскиот екстремизам.
Поради исламискиот тероризам, Белгија во последните 18 месеци пет пати се најде во центарор на вниманието на светската јавност.
1. Пролет 2014: напад на еврејскиот музеј во Брисел
2. Есен 2014: процес против терористичката група „ШаријаФорБелџм‟
3. Почетокот на 2015: вооружен судир на белгиската полиција и исламистите
4. Лето 2015: спречен терористички напад во брз воз за Брисел
5. Нападот во Париз во директна врска со Белгија
Според политикологот Асјем ел Дифрауји, проблемите се од домашна природа.
– Белгијците ги запоставија мерките за превенција. Всушност тие се запоставија, оцени за „Дојче веле“ Дифрауји.
Основна причина за тие пропусти, според него, е внатрешната поделеност во земјата.
– Белгијците едноставно премногу се зафатени сами со себе. Валонците и Фламанците со години меѓусебно се блокираат и поради тоа никој нема капацитет да се бави со внатрешните политички проблеми во земјата, семта тој.
Тоа дека е потребна итна акција, најдобро покажува погледот на статистиката. Според наводите на лондонскиот Меѓународен центар за истражување на радикализацијата и политичкото насилство (ИЦСР), во периодот од крајот на 2011, до крајот на 2013 година до 11.000 исламистички борци заминале во Сирија и Ирак.
Од нив речиси секој петти е од Западна Европа. Со 296 борци, Белгија е на врвот на групата земји од која потекнуваат борците на боиштата во Сирија и Ирак. За споредба, од осум пати поголемата Германија, според проценките „само‟ 240 борци завршиле во „светата војна‟. Во однос на бројот на жителите, Белгија со своите 27 борци на милион жители е главен испорачател на европските џихадисти.
Од малите градови во џихад
Гратчето Вервје во источниот дел на земјата, според наводите на една студија на Универзитетот во Лиеж, стана симбол на успех на исламистичките фанатици. При рација на белгиската полиција, поради сомневање за терористички напад, во почетокот на 2015 година беа убиени двајца исламисти, откако отвориле оган врз полицијата.
Експертите на Универзитет от во Лиеж ја истражуваа интеграцијата и општествените односи во Вервје, кој спаѓа во најсиромашните градови во Белгија. Од 53.000 жители, 15 отсто имаат мигрантско потекло. Во градот живеат 117 нации. Меѓу нив е и втората по големина чеченска заедница во Белгија, која важи за еден вид јадро на исламскиот фундаментализам.
Според наводите на еден поранешен припадник на исламистичката сцена, од 2011 година осум до десет лица од Вервје отпатувале во Сирија за да се приклучат на терористичката група Исламска држава.
Нема кохерентна стратегија
Во Белгија живеат 400.000 муслимани. Меѓу нив е многу мал бројот на оние кои се подготвени на насилство. Сепак, во односот кон таа група на граѓани, со години постојат несогласувања и судири. Стратегиите во борбата против фанатизмот повеќе делуваат како симболична политика: Антверпен во 2009 година забрани носење на марами во јавноста, а две години подоцна Белгија воведе закон против целосно покривање на телото.
Дали станува збор за автобус, шетање на улица или кино, жените повеќе не смеат да носат бурка. Ако законот се прекрши, следи парична казна од 137,50 евра.
Организацијата „ШаријаФорБепџм‟, која отворено регрутира борци за џихад, во 2012 година беше и офицајлно забранета. Во голем судски процес, лидерот на таа организација во есента 2014 година е осуден на 12 години затвор.
Стратегиите се различни: по терористичкото предупредување, белгиската Влада во јануари најави дека ќе делува остро. Прислушувањето на телефоните требаше да донесе поголема безбедност. Но, сите тие мерки, како што покажува и најновиот развој на настаните, не се многу успешни.