Белгија денеска го добива новиот суверен

Од:

Белгија денеска ќе го добие новиот крал кога сегашниот монарх, Алберт II, ќе абдицира по 20 години владеење и тронот ќе му го предаде на синот Филип.

Алберт (79) прво ќе се откаже од своите права на главно церемонијален владетел со кралството, во присуство на премиерот Елио Ди Рупо кој ја има политичката власт во оваа парламентарна демократија стара 183 години.

По утринската церемонија во  кралската палата, Филип (53) ќе положи кралска заклетва пред пратениците во зградата на парламентот, што се наоѓа од другата страна на Кралскиот парк, во центарот на градот.

Потоа кралот Филип и новата кралица Матилда од балконот на Кралската палата ќе ги поздрават насобраните  граѓани.

Ќе следат  огномет и низа свечаности со кои ќе се одбележи овој настан.

Алберт II својот план за абдикација го објави пред помалку од три недели, така што немаше доволно време да се организира голем меѓународен настан и на крунисувањето  не се очекуваат кралски семејства од другите земји.

Бидејќи абдикацијата и воведувањето во тронот на новиот владетел се одржуваат ист ден со прославата на белгискиот национален празник -Денот на независноста, планирана е и воена парада.

Филип во следниот период го очекуваат тешки задачи. Поделената нација во јуни 2014 година ја очекуват избори, во екот на се поинтензивните барања за поголема автономија на шестте милиони Фламанци кои зборуваат холандски јазик и на 4,5-те милиони валонци кои зборуваат француски јазик. Затоа улогата на монархијата би можела да биде уште повеќе намалена.

По претходните избори во 2010 година, владата беше формирана дури по 541 дена заради  несогласувањата околу тоа уште колку ингеренции треба да и се одземат на централната власт во корист на посебните јазички групи.

За разлика од неговите петмина претходници, Алберт II се обудуваше да ја избегне политиката колку што тоа беше можно, а се очекува дека и Филип, исто така, ќе прави, наведуваат американските меидуми.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски