Белата куќа „внимателно ја следи“ ситуацијата на Хаити по атентатот врз претседателот Мојз

Од:

САД ја следат ситуацијата на Хаити по „трагичниот напад“ како резултат на кој беше убиен претседателот на земјата Жовенел Мојз, изјавија денеска од Белата куќа. Според извештаите, била ранета и неговата сопруга, Мартин Мери Етјен Жозеф, која според последните извештаи е жива, но во критична состојба, иако во текот на денот имаше информации дека им подлегнала на повредите.

-Засега собираме информации, прецизираше портпаролката Џен Псаки.

Главниот републиканец во Комисијата за надворешна политика на Претставничкиот дом, Мајкл Мекол, изрази загриженост поради убиството на претседателот.

Претседателот на Хаити денеска во раните утрински часови беше убиен од непознати лица во неговата приватна резиденција.

Група од неидентификувани лица, кои според амбасадорот на Хаити во САД биле „добро обучени, професионални командоси кои можеби веќе ја напуштиле земјата“, ја нападна резиденцијата на шефот на државата околу еден часот по полноќ. Моиз беше смртно погоден од огнено оружје. На неколку снимки од нападот кои се појавија на социјалните мрежи, се слуша како напаѓачите, непосредно пред атентатот, се претставуваат како агенти на американската Агенција за сузбивање на дрогите (ДЕА).

Би можело да ве интересира

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

САД ќе градат своја „Железна купола“

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски