Белата куќа веќе ја информирала Москва за условите за преговори за ИНФ

Од:

Вашингтон веќе ја информирал Москва преку писмо за условите за повторно покренување преговори со Русија за Договор за нуклеарните сили од среден дострел, јави Тасс повикувајќи се на неименувани официјални претставници од Советот за национална безбедност на Белата куќа.

-На Русија и доставуваме преку пишан документ специфични чекори што може да ги преземе за да се врати на почитување и сочувување на ИНФ договорот, изјави официјално лице на Белата куќа.

Американскиот претставник додал дека „само целосно и проверливо уништување на руските ракети 9М729, лансирни рампи и опрема ќе биде решение за руското кршење на тој договор“.

Неговата изјава е одговор на прашање за подготвеност на Вашингтон да покрене нов дијалог за ИНФ Договорот.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски