Белата куќа се воздржа да ги нарече авганистанските талибанци терористи, што предизвика шокираност кај републиканците, кои го обвинија претседателот Барак Обама дека го загубил чувството за реалноста.
На прашањето за условите за ослободување на поранешниот заложник на талибанците, американскиот војник Бови Баргалд, портпаролот на Белата куќа Џош Ернест избегна да ги нарече талибанците терористи.
– Тие имаат тактики, кои се доближуваат до оние на тероризмот, тие извршуваат терористички напади за да се обидат да ги реализираат своите идеи. Но, важно е да ги разликуваме талибанците од Ал Каеда, рече Ернест, додавајќи дека сепак талибанците се мошне опасна организација и оти Вашингтон со посредство на катарската Влада го договарал ослободувањето на американскиот војник.
Републиканците веднаш реагираа на оваа изјава.
– Талибанците пресекуваат грла, напаѓаат автобуси, поставуваат автомобили-бомби на пазарите, но тоа не се терористи, иронично изјави републиканецот Чарлс Краутхамер.
Американското Министерство за финансии неодамна воведе санкции за околу две илјади борци и талибански претставници, како и за некои од лицата, кои ги финансираат и поддржуваат.