САД: Русија да ги разгледа сите можности за екстрадирање на Сноуден

Од:

Белата куќа денеска соопшти дека очекува руските власти да ги разгледаат сите можности за екстрадирање во САД на поранешниот консултант на Агенцијата за национална безбедност Едвард Сноуден, кој е обвинет за шпионажа.

Портпаролката на Советот за национална безбедност Кејтлин Хејден изјави дека САД преку дипломатски канали изразиле силно незадоволство пред властите на Хонг Конг и Кина, кои дадоа можност Сноуден да избега. Таквото однесување штети на билатералните односи на САД со Хонг Конг и Кина, нагласи Хејден.

Вчера Сноуден успеа да полета од Хонг Конг со авион на Аерофолт и да слета на московскиот аеродром „Шерметјево“. Сноуден нема руска виза и моментално се наоѓа во транзитната зона на аеродромот. Тој денеска се очекува да замине за Хавана, а од тамуза Каракас.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска