Белата куќа нема да потпише договор за нешпионирање со Германија

Од:

САД нема да потпишат спогодба за нешпионирање со Германија во обид да го надминат дипломатскиот неуспех заради активностите на американската Агенција за национална безбедност за следење на комуникациите на канцеларот Ангела Меркел, соопшти Белата куќа, цитирана од ДПА.

-Ние нема да имаме спогодба за нешпионажа, изјави заменик советникот за национална безбедност Бен Роудс во одговор на прашање на ДПА за време на брифинг во Белата куќа за странските медиуми.

„Немаме спогодба за нешпионирање со ниту една земја“, додаде тој.

Роудс изјави дека на двете земји „ќе им биде неопходно време и заздравувачки процес преку дијалог, за да се реши прашањето“, но САД треба да најдат баланс меѓу новите ограничувања за шпионажа и потребите од собирање податоци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупаа во урнатините во Мичиген

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес