Белата куќа намени 13,5 милијарди долари за трошоци на греење на американските домаќинства со ниски примања

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе обезбеди 13,5 милијарди долари за домаќинствата со ниски приходи како помош за трошоците за греење во текот на претстојната зима, соопшти денеска Белата куќа.

Како дел од иницијативата, американското Министерство за здравство и човечки услуги обезбедува 4,5 милијарди долари финансирање за Програмата за енергетска помош на домаќинствата со ниски приходи (LIHEAP), се наведува во соопштението.

Новата финансиска помош ќе им помогне на Американците со сметките за греење, неплатените сметки за режиски услуги и поправките на домашните апарати, за да им се помогне во намалувањето на трошоците за енергија, соопшти Белата куќа.

„Овие чекори ќе обезбедат дополнителна поддршка за семејствата со ниски и средни приходи и ќе ги надополнат даночните олеснувања што семејствата и сопствениците на згради можат да ги користат според Законот за намалување на инфлацијата за да инсталираат опрема за заштеда на енергија и да ги надградат зградите“, се додава во соопштението на белата куќа.

Американското Министерство за енергетика одделно ќе одвои девет милијарди долари од Законот за намалување на инфлацијата за да им помогне на 1,6 милиони домаќинства да ги надградат своите домови и да ги направат енергетски ефикасни со што ќе се намалат и сметките за енергија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

АП: Трамп подготвува повеќе од 100 извршни наредби на првиот ден во Белата куќа

Белата куќа ја предупреди Украина

Ана Ололовска

Бела куќа: Пронајдени нови доверливи документи во гаражата на Бајден во Вилмингтон

Бајден ќе потпише закон за заштита на хомосексуални бракови, ќе организира и прослава

А1он

Бела куќа: Бајден ја поддржува Африканската унија да стане членка на Г20

Белата куќа побара од републиканците да ја осудат изјавата на Трамп за Уставот на САД

А1он