Белата куќа: Израел е подготвен да ја сослуша загриженоста на САД пред нападот врз Рафах

Од:

Израел се согласи да го слуша мислењето и загриженоста на САД пред да започне инвазијата на градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

Кирби изјави за телевизијата ABC дека Израел му дал гаранции на Вашингтон дека нема да го нападне Рафах додека САД не добијат можност да ги споделат своите грижи и ставови во врска со нападот со израелските власти, објави Ројтерс.

Кирби истакна дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе го посети регионот на Блискиот Исток за да се заложи за договор за привремен прекин на огнот што Вашингтон сака да трае најмалку шест недели.

Би можело да ве интересира

САД: Испративме писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, вмешаноста на Украина е глупост

Кирби: САД не сака војна со Иран

Кирби: Ситуацијата со Косово е поврзана со танцот на Курти и Вучиќ, договорот за ЗСО е постигнат одамна

А1он

Кирби: Следните денови Украина ќе доби нова помош од САД