Кирби: САД не сака војна со Иран

Од:

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби денеска изјави дека Белата куќа не сака војна со Иран или ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

– Очигледно се уште има напади во областа, но ние продолжуваме да ги разгледуваме опциите. Не можам да зборувам во име на врховниот лидер (на Иран) за тоа што сака или не сака. Можам да ви кажам што сакаме, а тоа е стабилен, безбеден и просперитетен Блиски Исток и сакаме нападите да престанат – рече тој.

Кирби ова го изјави откако американскиот претседател Џо Бајден го објави американскиот одговор на нападот врз американските војници во Јордан

Тројца американски војници загинаа, а најмалку 34 се ранети во напад со беспилотно летало врз мала американска база во Јордан позната како Кула 22. Тоа е прв пат американски војници да бидат убиени од непријателски оган на Блискиот Исток од почетокот на војната во Газа.

Во меѓувреме, Исламскиот отпор во Ирак, чадор група на неколку вооружени милитантни фракции поддржани од Иран, ја презеде одговорноста за нападите на јорданско-сириската граница, вклучително и напад со беспилотно летало врз американската воена база.

Зборувајќи за наводите изнесени од Израел против 12 членови на персоналот на Агенцијата за палестински бегалци на ОН (UNRWA), што доведе до тоа САД да го повлечат финансирањето на агенцијата, Кирби рече дека наводите не ја оспоруваат добрата работа на целата агенција.

– Важно е да се запамети дека УНРВА прави важна работа низ целиот регион, секако и во Газа. Тие помогнаа да се спасат илјадници животи и не треба да ја оспоруваме добрата работа на целата агенција поради ужасните обвинувања против само мал број нивни вработени, рече Кирби.

Би можело да ве интересира

Белата куќа: Израел е подготвен да ја сослуша загриженоста на САД пред нападот врз Рафах

САД: Испративме писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, вмешаноста на Украина е глупост

Кирби: Ситуацијата со Косово е поврзана со танцот на Курти и Вучиќ, договорот за ЗСО е постигнат одамна

А1он

Кирби: Следните денови Украина ќе доби нова помош од САД