САД: Испративме писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, вмешаноста на Украина е глупост

Од:

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, контраадмирал Џон Кирби, денеска изјави дека САД испратиле писмено предупредување на руските безбедносни служби за напад на екстремисти и дека тврдењата дека Украина била вмешана во нападот минатиот петок во Москва се „глупости“.

Кирби, кој е помошник државен секретар за одбрана, повтори дека е јасно дека Исламската држава е „единствено одговорна“ за нападот во концертната сала „Крокус сити хол“, каде во петокот, 22 март, загинаа 140 лица.

Ројтерс објави дека Кирби им рекол на новинарите дека САД им дале на руските безбедносни служби писмено предупредување за екстремистички напад, еден од многуте однапред испратени во Москва.

Би можело да ве интересира

Кирби: САД не сака војна со Иран

Кирби: Ситуацијата со Косово е поврзана со танцот на Курти и Вучиќ, договорот за ЗСО е постигнат одамна

А1он

Кирби: Следните денови Украина ќе доби нова помош од САД