Бела куќа: Трамп не му дава отказ на Фаучи

Од:

Од Белата куќа денеска објавија дека претседателот Доналд Трамп нема намера да му даде отказ на главниот епидемиолог, д-р Антони Фаучи, иако претседателот денеска ретвитна повик да се стори тоа.

-Не е убаво што се шират такви гласини по медиумите. Претседателот Трамп не го отпушта доктор Фаучи. Тој беше и ќе остане најблизок советник на претседателот, изјави Хоган Гидли, заменик прес секратар во Белата куќа.

Трамп синоќа ретвитна соопштение кое содржеше „време е за отказ на Фаучи“. Твитот е на поранешени кандидат за во Конгресот од Републиканската партуја, кој ги искритикува коментарите на експертот дадени за Си-ен-ен вчера.

Твитер налогот на Трамп го следат 76 милиони потписници.

Седумдесет и девет годишниот Фаучи од 1984 година е раководител на Институтот за алергиски и инфективни заболувања.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД