Бела куќа: Бајден и Путин утре ќе разговараат телефонски

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин ќе разговараат телефонски утре на „различни теми“, соопшти денеска Белата куќа. Соопштенеито е во момент на подготовки за американско-руски безбедносни разговори следниот месец.

-Лидерите на САД и Русија ќе разговараат за низа теми, вклучително и претстојните дипломатски ангажмани со Русија, изјави Емили Хорн, портпаролка на Советот за национална безбедност на САД.

Во исто време, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков потврди дека утре навечер ќе биде остварен телефонски разговор меѓу Бајден и Путин.

Би можело да ве интересира

Макрон: Пред нас се 90 дена полни со неизвесност

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Трамп: Сè ќе цвета наскоро

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски

Трамп ги зголеми царините за Кина на 145 отсто

Горан Наумовски

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности