Една од белите капи кои ги носи папата Франицко е продадена на хуманитарна аукција за повеќе од 89.000 евра на „иБеј“ во средата вечерта во рамките на италијанската телевизиска програма за собирање на средства за католичката хуманитарна организација во Африка.
Во јуни папата белата капа му ја даде на маж кој стоел на Плоштадот Свети Петар, а тој капата ја однесе во забавната програма, која се емитува на мрежа „Медиасет“ на поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони.
Почетната цена на капата на „иБеј“ беше едно евро, а на крајот е продадена за 89.050 евра. Средствата ќе одат за „Солитер“ невладина организација на калуќерките, кои им помагаат на родилките во Конго.