Бегун во посета на Москва и на Вилнус поради кризата во Белорусија

Од:

Американскиот заменик државен секретар Стивен Бегун во најскоро време ќе ја посети Русија и Литванија, а тема на разговорите ќе биде разрешување на кризата во Белорисоја, јавија некои американски медиуми.

Поранешен висок претставник на Стејт департментот изјави дека Бегун ќе ги посети Москва и Вилнус, каде моментално престојува Светлана Тихановскаја, според мислењето на опозицијата победник на претседателските избори.

Друг извор посочи дека Бегун ќе отпатува за Москва за да спречи руска интервенција во Белорусија.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео претходно го повика претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, кој себеси се објави за победник на изборите и користеше жесток притисок врз мирните протести, да прифати меѓунардна помош во преговорите со опозицијата.

Помпео исто така ја предупреди Русија дека нема да се толерира руско мешање во внатрешните работи на Белорусија.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии