Бебиња во Нигерија се користат при напади на бомбаши-самоубијци

Од:

Жените определени за бомбаши-самоубијци носат бебиња со себе, за да ја одбегнат деталната контрола, пред изведувањето терористичките напади- соопштија безбедносните власти во Нигерија.

Еден така организиран напад, бил изведен на 13 јануари, во нигерскиот град Мадагали, кога две жени кои во рацете имале бебиња, ги активирале експлозивните направи поставени на нивните тела, убивајќи се себе си, бебињата и уште четири други лица.

Нигериските власти признаваат дека жените ја поминале слабата проверка на контролниот пункт, само затоа што со нив биле и две бебиња.

Домашните безбедноси експерти забележуваат дека жени, бомбаши-самоубијци имало и порано, но дека сегашната употреба на бебиња при изведувањето на нападите, претставуваат „опасна новина„ во борбата со тероризмот.

Властите во Нигерија веруваат дека зад ова се крие исламистичката милитантна група Боко Харам, која е одговорна за два напади на жени бомбаши-самоубијци во кои биле користени и бебиња.

Во вториот напад, жените биле запрени за рутинска проверка и тогаш тие ги активирале бомбите.

Инцидентите се случуваат во градот Мадагали на крајниот североисток од Нигерија, во сојузната држава Адамава.

Градот во 2015 година беше ослобоен од терористте на Боко Харам, а нигерските сили презеде голем дел од територијата што доскоро ја имаше под контрола оваа група, но таа сега применува терористички напади, најчесто во деловите кои претходно ги имаа заппоседнато.

Боко Харам како бомбаши самоубијци почна да користи млади жени и девојчиња.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он