Повеќе од 7 милиони луѓе во живо го на Youtube го следеа скокот на Феликс Баумгартнер од работ на вселенета.
Скокна од 39.068 метри иако беше планирано тоа да го направи од 36.576. Пред да скокне на Твитер напиша „Овде е преубаво, свету преубав си“.
По 32 секунди го проби звучниот ѕид, а најголемата брзина што ја постигна е 1.173 километри на час. На денешен ден пред точно 65 години Чак Јегер прв пат во историјата го проби звучниот ѕид.
Тимот кој работише заедно со Баумгартнер, на проектот Ред Бул Стратос, броеше 200 луѓе. Австриецот го собори рекордот кој пред 52 години го постави неговиот ментор Џозеф Китинџер.
Главна цел на целиот проект беше да се соберат податоци кои на научниците ќе им овозможат подобрување на условите на вселенските патувања, како и да овозможат евакуација на свемирско летало на голема височина.
Баумгартнер со својот скок од работ на вселената собори низа рекорди, како најголема брзина при слободно паѓање, највисок скок, највисок лет со балот.