Батлерот тајно го снимал папата со мобилен телефон

Од:

Истражителите на Ватикан пронајдоа фотографии и кратки видео записи на кои е папата Бенедикт , а кои тајно ги снимал со својот мобилен телефон неговиот батлер Паоло Габриелe.

Toj  претходно овој месец беше осуден од судот во Ватикан за кражба на доверливи документи од резиденцијата на папата и за откривање на тајни на еден новинар.

Батлерот на папата беше осуден на 18 месеци затвор, но моментално се наоѓа во домашен притвор во својот стан во Ватикан додека го очекува евентуалното помилување од поглаварот на римокатоличката црква.

Доколку сепак треба да ја отслужи казната, тоа не би било можно во ватикан, бидејќи таа држава која е најмала на светот, нема затвори.

Во тој случај, батлерот би бил префрлен во некој од италијанските затвори на основа на дипломатскиот договор меѓу Италија и Ватикан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска