Истражителите на Ватикан пронајдоа фотографии и кратки видео записи на кои е папата Бенедикт , а кои тајно ги снимал со својот мобилен телефон неговиот батлер Паоло Габриелe.
Toj претходно овој месец беше осуден од судот во Ватикан за кражба на доверливи документи од резиденцијата на папата и за откривање на тајни на еден новинар.
Батлерот на папата беше осуден на 18 месеци затвор, но моментално се наоѓа во домашен притвор во својот стан во Ватикан додека го очекува евентуалното помилување од поглаварот на римокатоличката црква.
Доколку сепак треба да ја отслужи казната, тоа не би било можно во ватикан, бидејќи таа држава која е најмала на светот, нема затвори.
Во тој случај, батлерот би бил префрлен во некој од италијанските затвори на основа на дипломатскиот договор меѓу Италија и Ватикан.