Басеску гласаше за проевропскиот кандидат на претседателските избори во Молдавија

Од:

Поранешниот романски претседател, Трајан Басеску, кој неодамна доби молдависко државјанство, денеска пред новинарите изјави дека гласал „за европските вредности“ во вториот круг од претседателските избори во Молдавија, пренесе ТАСС.

Басеску гласаше во амбасадата на Молдавија во Букурешт, заедно со својата сопруга. Двајцата минатата недела добија молдависки пасоши.

-Како граѓанин на Молдавија сакам победа на европските вредности, изјави Басеску, откако излезе од амбасадата.

Басеску минатата недела кажа дека ќе гласа за кандидатката на проевропските сили Маја Санду, која според негово мислење ќе ја обедини Молдавија со Романија.

-Ќе гласам за Санду, затоа што доколку Молдавија го задржи својот прозападен курс, во определен момент таа ќе се обедини со Романија, рече Басеску за романската национална телевизија.

Тој ги повика граѓаните на Молдавија, вклучувајќи ги и оние кои живеат во Романија и другите земји, да го следат неговиот пример.

По повлекувањето од претседателската функција во декември 2014 година Басеску соопшти дека целосно ќе се посвети на проектот за обединување на Молдавија и Романија.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

ЦИК на Молдавија: Маја Санду го освои вториот мандат

Горан Наумовски

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски