Баросо: На 27. јуни во Брисел ќе се потпише спогодбата за асоцирање на Грузија со ЕУ

Од:

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска потврди дека „на 27. јуни во Брисел ќе биде потпишана спогодбата за асоцирање на Грузија со ЕУ “, пренесе ИТАР-ТАСС.

Баросо изјавата ја даде на заедничката прес конференција со грузискиот претседател Гиорги Маргвелашвили во Тбилиси.

Датумот и местото на потпишување на спогодбата првпат беа соопштени на 14 мај, за време на посетата на претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј на грузиската престолнина. Спогодбата беше соопштена од самиот Ромпуј и грузискиот премиер Иракли Гарибашвили.

Официјалниот акт, со кој се парафира оваа спогодба беше потпишан на 29. ноември во Вилнус.

Пред една недела Гарибашвили изјави дека за евроинтеграцијата на Грузија ќе се потребни околу 10 години.

Претседателот на Европската комисија изрази надеж дека Русија нема да  се спротиставува на кој било начин.

Би можело да ве интересира

Грузија сака да воведе закон за странски агенти

Новинар на РТ беше приведен од грузиските власти на аеродромот, а рускиот пасош му беше одземен

Грузиските фудбалери ја победија Грција и обезбедија пласман на ЕП

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне