Баросо до Путин: Сите даваме пари за Украина да го плати гасот, не го сопирајте

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо повторно испрати писмо до рускиот претседател Владимир Путин, во кое во име на Европската унија го замолува да не го запре протокот на гас до Украина, со кој се снабдува и Европа.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Баросо во име на Европската унија и нејзините 28 земји-членки, му одговори на Путин на писмото од 14 мај 2014 година, испратено до неколку земји-членки на Европската унија.

Притоа, Баросо наведува дека во неговото претходно писмо од 16 април, предочил оти еврокомесарот за енергетика Гинтер Ојтингер веднаш ќе започне трилатерални разговори со министрите за енергетика на Русија и Украина, со цел да се обезбеди стабилизација на испораката на гас за Украина и дистрибузијата преку оваа земја за ЕУ.

– На првиот конструктивен и суштински министерски состанок одржан во Варшава на 2 мај, беше договорено да следат технички дискусии, кои започнаа на 12 мај, како и со дополнителни билатерални средби меѓу комесарот Ојтингер и неговите двајца колеги од Руската Федерација и Украина. На дискусиите што се одржаа особено беа покриени прашањето на цената за испораките на гас за Украина и воспоставената подготвеност на Владата на Украина да ги плати договорените долгови. Императив е сите страни да продолжат со конструктивното вклучување во овој процес и да се договорат за идниот цена која ги одразува пазарните услови. Додека трилатерални разговори се во тек, дотекот на гас не треба да биде прекинат, наведува челникот на Еврокомисијата во писмото до Путин.

Баросо смета дека Руската Федерација треба да се придржува кон договрената обврска и „Газпром“ треба да обезбедува испорака на бараните количества гас, како што е регулирано со договорите за снабдување со европските компании.

– Европската унија очекува Руската Федерација да го активира системот за рано предупредување, ако се појави било-кога потребата, наведува Баросо.

Во исто време, тој пишува дека структурните решенија бараат сите страни да обезбедат транспарентност и отворање на пазарот во украинскиот сектор за гас и транспарентни услови за складирање и транзит на енергенсот преку Украина.

Во овој поглед, претседателот на Еврокомисијата наведува деа Европската унија е подготвена да обезбеди вистински податоци за дојдовниот проток на гас од Украина, барајќи од, Москва и Киев, исто така, да се обврзат на краток рок да се обезбедат вистински податоци за приливот на гас и транзитот преку украинска територија.

– Очекувањата на ЕУ се дека сите страни ќе останат сигурни и одговорни во снабдувањето и транзиттот до партнерите, што е и во нивни интерес. Унијата и други меѓународни донатори веќе предвидоа значителна поддршка за Украина и ќе останеме посветени на тоа, а јас очекувам конструктивен пристап од Руската Федерација за решавање на сите прашања. ЕУ е подготвена да продолжи со суштинските трилатерални дискусии и да помогне да се најде брзо и одржливо решение, прифатливо за сите страни, заклучува Баросо во писмото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Напад со дронови во рускиот град Казан

А1он

Пожар во притвор во Русија: Има мртви

Руските сили за воздушна одбрана соборија 36 украински беспилотни летала во текот на ноќта

Ракетен напад врз Киев, најмалку две лица повредени, пожари на повеќе локации

(ВИДЕО) Русија: Украина нападна фабрика во Ростовска област со проектили „Атакамс“ и „Сторм шедоу“

Горан Наумовски

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон