Барние: Сегашното решение за ирската граница е единственото можно решение

Од:

Сегашната одредба за регулирање на границата меѓу Република Ирска и британската покраина Северна Ирска е „единствено достапно оперативно решение“ за истапување на Велика Британија од Унијата, изјави главниот преговарач на ЕУ за брегзит, Мишел Барние.

„Потребна ни е оваа одредба, бидејќи таа е единствената гаранција дека во овој момент ќе биде избегната цврста граница. Но, ние сме подготвени во текот на преодниот период, доколку го има, да работиме на алтернативни решенија“, изјави Барние.

Оваа одредба, уште неречена и ирски бекстоп, има за цел границата меѓу Република Ирска и Северна Ирска да остане отворена и слободна за движење и по британското истапување од ЕУ, предвидено за 29 март. Со договорот се предвидува преоден период по Брегзит до крајот на 2021 година.

Но, на ваквото решение за ирската граница се противат голем број британски пратеници, пред се од редовите на Конзервативната партија на премиерката Тереза Меј, кои сметаат дека таа би можела Велика Британија „да ја задржи предолго врзана за ЕУ, па дури и бесконечно“.

Британската премиерка Меј деновиве со членови на нејзината партија договара „алтернативно решение“ за бекстопот.

Во меѓу време, германската канцеларка Ангела Меркел, која престојува во посета на Јапонија, изјави дека не може повторно да се преговара за веќе утврденото во договорот за Брегзит, но нагласи дека прашањето за „граничниот договор“ може да се реши со декларација за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија.

Меркел додаде дека се уште е можен договор за ирската граница, но дека прво е потребно Лондон да даде предлог за тоа прашање.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите