Главниот преговарач на Европската унија за Брегзит, Мишел Барние изјави дека воведувањето на преоден рок по истапувањето на Велика Британија од ЕУ, не е целосно сигурно.
Тој смета дека воспоставувањето на преоден рок ќе зависи од ставот на Лондон, кој не се согласува со предлогот на Брисел, за во периодот по излегувањето на Британија од ЕУ, за државјаните на земјите-членки на ЕУ што ќе дојдат во земјата до 31 декември 2020 година, да важат истите права како и за оние што дошле пред Брегзитот.
Според Баерние доколку во предвидениот рок не се применува целосно законодавството на ЕУ, вклучително и правилата на царинската унија и единствениот пазар, нема да може да се постигне договор за рок на прилагодување.