Барние: Извештаите за постигнат договор меѓу Брисел и Лондон се само гласини

Од:

Главниот преговарач на Европската Унија со Велика Британија, Мишел Барние изјави дека извештаите за постигнат договор помеѓу Брисел и Лондон се само гласини.

Западните медиуми вчера објавија дека двете страни постигнале договор за финансиските обврски на Велика Британија, но не ја прецизираа точната сума.

Сепак Барние ги опиша овие информации во медиумите како гласини.

– Постои прашање, за кое ние продолжуваме да работиме, и покрај притисокот или гласините објавени денеска во печатот. Тоа е прашање на финансиска обврска, рече тој.

Барние потврди дека 27те членки на ЕУ нема да ги плаќаат долговите на 28та членка.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он