Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Од:

Велика Британија ги отфрли сите нови одложувања по процесот на излез од Eвропската унија. Ова го соопшти главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние, на брифинг по рунда преговори за Брегзит, што се одвиваа од далечина.

– Владата на Велика Британија одби какво било одложување на конечното повлекување од европскиот пазар, кое е планирано за 31 декември 2020 година. Ова е датумот на економскиот Брегзит, односно крајот на преодниот период по политичкиот Брегзит, 1 февруари 2020 година, изјави Барние.

Истовремено, тој, исто така, нагласи дека Велика Британија ја одолговлекува работата за подготовка на договор за идните односи со заедницата по преодниот рок за нејзино повлекување.

– Велика Британија го забавува процесот на преговори. Оваа недела одби да отвори конструктивни разговори за четирите клучни точки што се содржани во политичката декларација на Брисел и Лондон, додаде Барние.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска