Барак Обана и Сји Џинпин ќе разговараат за кибер нападите

Од:

Претседателот на САД Барак Обама денеска ја почнува дводневната средба со претседателот на Кинеската народна република Сји Џинпин, која ќе се оддржи во Калифорнија.

Се очекува Обама на кинескиот гостин да мукаже дека Вашингтон го смета Пекинг за одговорен за секој кибер напад, извршен од кинеска територија, и дека Кина треба да ги почитува меѓународните „правила за движење“ во кибернетската безбедност.

Портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни, потврди дека главна тема на средбата ќе биде кибернетската безбедност.

Кина постојано ги отфрла обвиненијата на САД за компјутерско хакерство и тврди дека земјата е повеќе жртва на овој криминал, отколку извршител.

Белата куќа одбива да прецизира какви евентуални казнени мерки ќе преземе САД во случај Сји Џинпин да одбие да соработува и доколку продолжи кибернетската закана.

Ден пред американско-кинеската средба на врвот, тројца членови на Претставничкиот дом на Конгресот на САД соопштија дека имаат намера да поднесат предлог закон што предвидува финансиски и визни санкции против хакери, поддржани од Кина, Русија и други странски држави за компјутерска шпионажа и кражба на податоци.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД