ОН бараат Египет да ги измени смртните казни

Од:

Високата комесарка на ОН за човекови права Мишел Бачелет побара денеска од египетскиот суд да ги измени смртните казни за 75 луѓе, кои се обвинети за учество во насилните протести во 2013 година, кога загинаа стотина луѓе.

– Судењето не е фер, истакна таа, критикувајќи го законот кој им дава имунитет на високопозиционирани припадници на безбедносните сили.

Судот во Египет вчера изрече 75 смртни казни, вклучувајќи истакнати исламистички лидери.

– Ако се извршат смртните казни, тоа ќе биде огромно понижување на правдата, нагласи Бачелет.

Обвинетите немаа право на одделни адвокати и да претстават докази, а обвинителството не изнело доволно докази за одделна вина, се наведува во соопштението на Високата комесарка на ОН за човекови права.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува