Бангладеш размислува за стерилизација во бегалските кампови на Рохинџите

Од:

Откако не успеа акцијата за делење контрацепција на бегалците Рохниџи, Бангладеш размислува да спроведе кампања за доброволна стерилизација заради ограничување на демографскиот бум во сиромашните и пренаселени кампови.

Околу 900.000 лица од оваа муслиманска заедница избегаа од Мјанмар, каде според ОН се спроведува етничко чистење против нив, и сега живеат во импровизирани кампови во јужниот дел на Бангладеш.

Официјална Дака стравува дека зголемениот број породувања меѓу Рохниџите, кои традиционално имаат многу деца ќе ги влоши уште повеќе условите за живот во камповите.

Властите во Бангладеш спроведоа кампања во рамките на која делеа контрацептивни средства, но не ги постигнуваа посакуваните резултати. Меѓу новопристигнатите бегалци има 20.000 бремени жени и 600, кои се породиле, откако пристигнале во Бангладеш.

Поради ова, службите за планирање на семејството размислуваат за порадикални методи. Тие побараа од владата дозвола да биде извршени стерилизација, врз доброволен принцип – вазектомијата и трајна женска стерилизација.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени