Претставници на Мјанмар и Бангладеш постигнаа договор, според кој, во рок од две години треба да се обезбедат услови за враќање на околу 650.000 припадници на народот Рохинџи во Мјанмар.
Десетици илјади припадници на овој главно муслимански народ побегнаа од Мјанмар поради постојаните напади и пресметки со мјанмарската армија, во конфликтот кој почна минатото лето.
Бангладеш, кој е главно муслиманска држава, ги прими Рохинџите во бегалски кампови, во кои веќе живеат припадници на овој народ претходно протерани од мнозински будистичкиот Мјанмар.